Дома Фудбал Италија Интер се буни и за новиот датум: Треба прво да играме против Сампдорија!

Интер се буни и за новиот датум: Треба прво да играме против Сампдорија!

На Апенините владее целосна неизвесност и тешко дека некој може да претпостави како ќе биде продолжена Серија А.

Епидемијата од коронавирусот продолжува да прави големи проблеми. Играчите на Милан вчера веќе беа тргнати на реванш полуфиналето против Јувентус, меѓутоа вечерта беше донесена одлука дека натпреварот кој требаше да се одигра денес е одложен.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Минатиот викенд не се играа пет натпревари од 26. коло во Серија А вклучувајќи го и дербито помеѓу Јувентус и Интер. Дербито прво се помести за на 13. Мај, за потоа да биде избран нов термин – 9. март.

На Интер не му одговараше 13. мај и ја критикуваше Серија А, а сега не му одговара и 9. мај. Од Интер објаснуваат дека тие прво треба да го одиграат натпреварот со Сампдорија кој требаше да се одигра на 23. Февруари кој беше одложен поради истата причина претходно.

Ќе видиме како работите ќе се одвиваат, но јасно е дека коронавирусот предизвика вистински хаос во италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…