Дома Фудбал Италија Интер постави нов рекорд во Серија А

Интер постави нов рекорд во Серија А

Интер ја продолжи трката за титулата шампион на Италија. Во 33. коло „нероаѕурите“ со 1:3 беа подобри од Специја, стрелци за Интер во овој натпревар беа Брозовиќ, Мартинез и Санчез.

Во овој момент Интер е второпласиран со 69 бодови, два помалку и натпревар помалку од лидерот Милан. Натпреварот против Специја влезе и во историјатан а италијанскиот фудбал. Имено, Интер стана првата екипа во Серија А која славела на гости против 66 различни екипи и тоа е рекорд на „Чизмата“ во оваа статистика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На овој начин Интер го престигна Јувентус кој на гости не славел со Тревисо и Месина. На споменатата листа трет е Милан кој не победил против Лече, Карпи и Авелино.

Наредната сезона Интер би можел да ја продолжи низата ако во Серија А се пласираат: Кремонесе, Писа или Монца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…