Дома Фудбал Италија Интер поставил рекорд со продажбата на билети за дербито со Милан

Интер поставил рекорд со продажбата на билети за дербито со Милан

Според информациите кои ги објавија италијанските медиуми, дербито помеѓу Интер и Милан кое се игра за викендот е распродадено, а од него клубот ќе оствари рекордна заработка.

Интер кој е домаќин на овој натпревар од билети ќе заработи седум милиони евра и тоа е рекорд кога во прашање се натпреварите од Серија А.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Градското дерби така ќе се игра во една пеколна атмосфера. Претходниот рекорд беше поставен во натпревар помеѓу Интер и Јувентус во 2019 година, тогаш Интер оствари заработка од 6.6 милиони евра.

Во дербито помеѓу Интер и Милан пред 12 месеци во кое Интер победи 5:1, „нероаѕурите“ инкасираа 6.2 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…