Oткако се заврши првенството во Франција, Мауро Икарди се врати во Италија, но прашање е дали ќе остане.
Икарди беше на едногодишна позајмица од Интер во ПСЖ, но и понатаму не е познато дали францускиот шампион ќе го откупи неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ не е спремен да плати 70 милиони евра колку што стои во откупната клазула од претходниот договор за позајмица и се обидува нешто да заштеди. Најновата понуда за Интер гласи 50 милиони евра, плус 10 преку бонуси.
Според оваа понуда јасно е дека Интер и да ги добие бонусите тоа ќе биде сума за 10 милиони помала од клазулата. Меѓутоа ПСЖ оди на картата што во Интер никој не смета на Икарди и сите очекуваат да биде продаден, па затоа и оваа понуда би можела да биде прифатена.
На 31 натпревар Икарди во дресот на ПСЖ постигна 20 голови, при тоа ја освои и тутулата шампион на Франција. Нема причина ПСЖ да не го откупи, но ќе видиме дали тоа ќе се случи.