Српскиот ватерполист Алекса Шапоњик ја посети нашата земја поради самитот за домашни, регионални и странски експерти од областа на бизнисот, економијата, претприемништвото, лидерството, иновациите и технологиите „Македонија 2025“ кој од 13 до 15 ноември се одржа во Скопје. Таа прилика ја искористивме за да направиме едно интервју за неговиот живот и кариерата како ватерполист.
Од каде љубовта кон ватерполото? Вашиот постар брат Лука исто така играл ватерполо. Вие сте првите од вашето семејство или пак некој од вашето семејство придонел за да се занимавате со овој спорт?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Родителите беа спортисти, но не занимаваа со ватерполо. Татко ми беше ракометар, додека мајками беше во атлетиката. Љубовата кон ватерполото се роди од базенот во Белгард каде што започнавме да пливавме на шест години. Некако логично беше после тоа да преминеме на ватерполо. Јас го следав мојот брат кој е постар и прв почна да игра ватерполо. Според тоа можам да кажеме дека започнавме да одиме во базенот поради грижа за здравјето, а потоа го следев Лука бидејќи како помал брат сакав да бидам како него.
Сте тренирале ли некој друг спорт пред да започнете професионално да играте ватерполо?
„Јас цел живот сакав да играм фудбал. Пред ватерполо на седум години започнав да тренирам фудбал во Партизан. Меѓутоа тогаш дојде зима и ми кажаа дека три месеци нема да тренираме. Јас многу го сакав спортот и бев шокиран, па се свртев кон пливањето и не свртев назад кон фубдалот, а потоа влегов длабоко во ватерполото. Меѓутоа имаше една ситуација кога имав 14 години. Беше тешко седум дена пливавме на еден камп во Обреновац и кога се вратив дома му кажав на татко ми: Јас не можам веќе се враќам да играм фудбал. Тој кратко ми одговори: Добро. Не очекував таков одговор, кога наредниот се разбудив и размислив малку подобро се вратив во базенот.
Знаеме дека кај многу спортисти имало тешки моменти кога помислувале да се откажат, сте имале ли вие таков момент од кој сте излегле уште посилни?
Да, имав тешки моменти во последната сезона кога играв за Партизан пред да заминам за Америка. Таа цела сезона ја поминав целата на клупа, за мене училиштето беше на прво место и поради тоа фокусот ми беше ставен на него. Можам да кажам дека таа последна сезона е некоја „дамка“ на кариерата во Партизан каде што играв 10 години. Не добивав шанса само затоа што се насочив кон образованието, но тоа беше одлука на тренерот. Таа ситуација многу ми помогна во животот бидејќи научив како да се справувам со неправдите.
Игравте за репрезентацијата на Србија, кажете ни нешто за оваа селекција?
Јас сум срќен на успехот кој го направија откако јас ја напуштив репрезентацијата. Српскиот тим практично четири години беше непобедлив. Мене ми е голема чест што играв со луѓе кои испишуваа и се уште исппишуваат историја во овој спорт. Во оваа прилика сакам да им посакам среќа во иднина и само така да продолжат. Се надевам дека генерациите кои доаѓаат ќе го продолжат успехот, но ќе им биде тешко затоа што нивото кое е поставено е навистина високо.
Долго време сте играле во САД. Можете ли да направите една споредба, како е да сте ватерполист таму и тука? (на Балканот)
Многу сум благодарен што имав прилика да играм на два различни континенти. Културата во Србија кон спортот е многу различна во однос на Америка. Ние Србите сме многу директни, на некој начин можеби агресивни, тоа не е случај со Американците. Тоа беше голема лекција за мене ми требаше година-година ипол да се навикнам дека на некои луѓе им сеедно дали ќе победиме или ќе изгубиме. Јас имам таков карактер и сакав секогаш да победувам. Се случуваше после некои натпревар кој ќе го изгубиме повеќе мои соиграчи да oдат и да се дружат со тренерот и родителите, тоа таму едноставно е нормално и морав да прифатам дека дојдов во друга земја и да прифатам дека за нив ватерполото не е толку важно како за мене.
Сте освоиле бронза во Лондон на Олимписки игри во 2012 година и златен медал истата година на Европското првенство во Холандија – кој медал за вас има поголемо значење?
Можеби е чудно што ќе кажам олимпискиот, но олимпијадата е еден настан кој е врв за секој спортист. Тоа што пимав прилика да одам во кантина и да седам покрај спортисти како Серена Вилијамс и Ману Џинобили е неверојатно чуство, тогаш бев горд и благодарен што имам можност да бидам дел од еден таков светски настан. Целата организација таму е фантастична и затоа олимпијадата е нешто највисоко во мојата кариера, за жал се заврши со бронзен медал што се сметаше за неуспех и не можам да кажам дека многу славевме.
Moжете ли да издвоите еден момент од вашата кариера кој секогаш ќе го паметите и за вас има посебно значење?
Секогаш ќе го паметам моментот кога освоив светско јуниорско првенство во 2012 година. Пред тоа првенство една година преседев на клупата на Партизан, имав и повреда….Ми значи многу затоа што освоив медал со луѓе со кои уште сум во контакт, трениравме 10 години за да стигнме до тоа.
Има ли некој момент за кој сметате дека сте можеле повеќе да направите, некоја пропуштена прилика за која ви е жал и денес?
Го напуштив ватерполото пред пет години и нормално е да се постави прашањето дали се уште сум во потребната форма. Она за што можам да жалам е затоа што на тренинзите давав 90%, а не 100%. Со одењето во Америка јас и си ја затворив вратата во српската репрезентација. Тоа е така затоа што е неевобичаено оние играчи кои играат за репрезентацијата да одат за Америка, таму нивото на квалитет на ракометот е понизок од Србија. Како што кажав жалам само затоа што не тренирав посилно кога можев. Ќе го издвојам и моментот кога не влегов во игра во борбата за полуфинале на олимпијадата и денес се прашувам дали можеби ќе донесев некаква промена.
Можете ли да издвоите некој тренер кој има посебни заслуги за вашата кариера?
Мислам дека секој тренер остави своја трага на мене. Игор Милановиќ кој ми беше тренер во Партизан многу ме научи иако немавме некоја добра соработка. Едноставно не можам да издвојам некој посебно, секој ми значеше на свој начин. Од мојот прв тренер Пере, до Дарко, Небојша…Имав прилика во Партизан да работам со стратези кои водеа сениорски репрезентации.
Сега сте во бизнисот што е она од спортот што може да се пренесе во деловниот живот?
Интересена работа научив во Америка. Тие ги испраќаат децата да се занимаваат со спорт за да ги припремат за бизнисот. Во тимскиот спорт ти имаш соиграчи како што во бизнисот имаш соработници. Многу е важно добро да функционираш со нив. Во спортот имаш тренер, во работата тука е шефот кој носи одлуки. Спортот поради тоа многу те припрема за деловниот живот и те учи да бидеш отпорен на непријатни ситуации.
На вашиот Фејсбук профил видовме фотографија со Коби Брајант, дали можеби се познавате приватно?
Не, не. Коби Брајант е Коби Брајант една голема ѕвезда. Го сретнав во Лондон и го замолив за фотографија. Интересно е што кога го прашав за фотографија тој опцу на српски, бидејќи виде дека носам маица со логото на Србија. Знам многу кошаркари, но Брајант за жал не го познавам приватно.