Наполи во вчерашниот натпревар против германски Лајпциг на гостински терен славеше со победа од 0:2, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза.
Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње по оваа средба беше посебно лут, иако одигра одличен натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Инсиње учествуваше во двата погодоци на Наполи. Првиот го намести, а вториот и самиот го постигна. Лајпциг се пласираше во следната фаза поради гостинскиот гол во првата победа од 1:3.
По натпреварот Инсиње се пожали дека бил провоциран од помошникот тренер на Германците.
„Помошникот тренер на Лајпциг ме провоцираше во текот на натпреварот. Ми испраќаше бакнежи и ми намигнуваше. Се потсмеваше, немаше почит кон противникот. Дефинитивно претера“, изјави Инсиње.