Дома Фудбал Италија Инсиње: Веќе кажав и пак ќе кажам ако треба, Сари е предавник

Инсиње: Веќе кажав и пак ќе кажам ако треба, Сари е предавник

Доаѓањето на Маурицио Сари во Јувентус благо кажано не беше најдобро прифатено во неговиот роден Наполи.

Откако три години беше тренер во Наполи и една година во Челзи, Сари ова лето го превзема големиот ривал на Наполи Јувентус. Додека го водеше Наполи, Сари често пати го провоцираше Јувентус за односите со судиите и ги критикуваше, а сега ја прифати нивната понуда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За нас Наполитанците тоа е класично предавство. Кажав веќе и пак ќе кажам ако треба – Сари е предавник. Мораме да се сконцентрираме и да се обидеме да го победиме. Сонуваме титула во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да ја освоиме“, изјави Инсиње кој за Наполи од 2010 година одигра 305 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок големо изненадување: Мурињо може да стане селектор и тоа на клупата која најмногу ја посакува!

Жозе Мурињо може да очекува понуда да ја преземе португалската фудбалска репрезентација по…