Дома Топ вести Иниеста: Тоа што го прави Јамал не е нормално

Иниеста: Тоа што го прави Јамал не е нормално

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал е една од главните ѕвезди на тековното Европско првенство во Германија, а од неговите настапи воодушевен е и легендарниот Шпанец, Андрес Иниеста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јамал досега на првенството не се запиша во листата на стрелци, но имаше три асистенции и правеше разлика на теренот.

„Не е во границите на нормалното тоа што тој го прави. На 16 години е важен играч во Барселона и во репрезентацијата. Треба да го охрабрирме да продолжи така. Ситуации како негоивата се ретки“, изјави Иниеста кој со својот гол и донесе на Шпанија титула светски шампион во 2010 година во Јужна Африка.

Полуфиналето помеѓу Шпанија и Франција се игра утре од 21:00 часот во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…