Дома Фудбал Иниеста сигурен: ТОЈ е мојот наследник!

Иниеста сигурен: ТОЈ е мојот наследник!

Плејмејкерот на Барселона и еден од најдобрите играчи за врска во светот, Андрес Иниеста за свој наследник го прогласи играчот на ПСЖ и италијански репрезентативец Марко Верати, пренесува „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Шпанија веќе подолго време се полемизира кој би можел да биде наследник на славниот Иниеста, а „Марка“ открива интересни детали по тоа прашање.

Имено, 33-годишниот Шпанец за време на натпреварот во Париз при разговор со Блас Матуиди открил дека Верати го смета за свој легитимен наследник.

24-годишниот Италијанец дојде во ПСЖ во 2012 година од Пескара и од тогаш е неизоставен дел од тимот на „светците“.

Тој е трансфер мета на многу европски гиганти, но сепак францискиот клуб не сака да слушне за неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …