Дома Македонски спорт Илија Најдоски нов технички директор на ФК Вардар

Илија Најдоски нов технички директор на ФК Вардар

На денешната прес конфренција на медиумите на која присуствуваа Сергеј Самсоненко, Дарко Панчев, Самоил Симев и Илија Најдоски, поранешниот фудбалер на црвено-црните, Најдоски беше промовиран како нов технички директор.

„По 29 години пак се враќам, мило ми е што ќе бидам дел од историски Вардар и се надевам на поволни резултати и успешна моја помош“, беа првите зборови на Најдоски како нов технички директор кој како што самите најавија се враќа „дома“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Потоа Најдоски доби честитки и од македонската фудбалска легенда која веќе подолго време работи во Вардар, Дарко Панчев.

„После поразот не сум баш расположен да зборувам, но мораме да напредуваме нема време за тагување. Го поздравувам Најдоски, има искуство и несомнено ќе ни помогне во клубот

Претседателот на клубот Сергеј Самсонеко го поздрави Најдоски со зборовите: „Добредојде дома“.

Најдоски кариерата ја започна во прилепска Победа, од каде и што премине во редовите на Вардар каде што настапуваше четири сезони, фудбалската кариерата ја заврши во  швајцарски Сион.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…