Дома Македонски спорт „Икона и лидер – Адеми е срцето и душата на овој Динамо“

„Икона и лидер – Адеми е срцето и душата на овој Динамо“

Репрезентативецот на Македонија, Арјан Адеми добива огромни пофалби од хрватските медиуми после завршувањето на европската сезона со Динамо.

Адеми е рекордер по бројот на евронастапите во дресот на „модрите“. Хрватските медиуми го сместија Адеми како трет најдобар фудбалер во изминатата сезона зад Мислав Оршиќ и Доминик Ливаковиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Оршиќ е првото има во евросезоната најмногу поради спектакуларниот настап против Тотенхем кога постигна три гола.

„Аријан е срцата и душата на овој Динамо. Лидер и капитен, тимот без него е незамислив. Адеми ги одигра сите 15 натпревари во Европа, а во историската сезона постигна три гола. Со Виљареал играше под инекции и блокади и остави пример за своите играчи, вистинска икона на загребскиот тим“, гласат пофалбите од хрватските медиуми.

Адеми игра на навистина високо ниво по камбекот во 2017 година во дресот на Македонија и во изминатите сезони урна многу рекорди во Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…