Дома Останати Изјавата од Надал за Кириос покажа како треба да се однесува еден тенисер

Изјавата од Надал за Кириос покажа како треба да се однесува еден тенисер

Австралиецот Ник Кириос правеше нови испади и повторно провоцираше на Вимблдон, во вториот дуел на турнирот кој го играше против Рафаел Надал. Но, Шпанецот кој славеше со резултат од 3:1 во сетови, после мечот, сепак, и покрај провокациите и често недоличното однесување на Киргјос, имаше само пофални зборови за контроверзниот тенисер.

Со своето безобразно однесување, Кириос успеа да го испровоцира и подизнервира инаку секогаш смирениот Надал. Во еден момент се жалеше на пребавното подготвување на Шпанецот за сервис, а кога изгуби поен, иронично му аплаудираше на Надал, со што го подналути.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тоа беше само вовед во она што уште повеќе го изнервира Рафа, а тоа е веројатно намерно упатениот удар со топчето од страна на Кириос во телото од Надал, после кое Рафа налутено го загледа и му упати нервозен поглед на Австралиецот.

Сепак, после мечот, Надал покажа врвно тениско и спортско џентлменство и докажа уште еднаш за каков господин станува збор кога е во прашање неговата воздржаност и однесување за време на играта, но и по неа. Рафа имаше само пофалби за Ник.

„Ник беше тежок противник, а кога сака да игра како што знае, тогаш е еден од најтешките на светот. Против мене, како што видовте, сакаше да игра, а ако продолжи да мисли само на тенисот, тогаш еден ден ќе стане Грен Слем победник“, изјави Надал за својот противник после мечот.

Надал не сакаше да ги коментира навредите од Кириос упатени до судијата, но ни тоа што публиката на Вимблдон во неколку наврати го исвирка неговото однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос во свој стил изнесе став за тоа кого го гледа како погол…