Како што пренесува „Скај Спорт“, фудбалерот на Арсенал би можел да се пресели во Турција.
Стана јасно дека Арсен Венгер повеќе не смета на Џек Вилшер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Своевремно еден од најпреспективните фудбалери поради своето однесување и честите проблеми со повредите не го исполни својот потенцијал, минатата сезона ја помина во Бурнемоут како позајмен фудбалер, но ниту таму не се снајде најдобро.
Се врати во редовите на Арсенал, но ова лето најверојатно ќе го напушти клубот од „Емирати“. За Вилшер претходно интерес покажаа екипите на Вест Хем и Сампдорија, а сега во целата приказна се вмеша и турски Анталиспор.
Вилшер има уште една година од договорот со Арсенал, но клубот и понатаму бара солидна сума за неговите услуги, а по тоа прашање се огласи претседателот на Анталиспо Али Сафак Оштрук.
„Го известивме Арсенал за нашиот интерес и во овој момент сме во преговори, но Арсенал бара премногу за Вилшер. Ќе имаме долги преговори“, изјави Оштрук.