Дома Трансфер зона Изненадување: Србинот Митровиќ може да се врати во Премиер лигата?!

Изненадување: Србинот Митровиќ може да се врати во Премиер лигата?!

Често пати во изминатиот период се појавуваа шпекулации поврзани со името на Александар Митровиќ, а сега одново се пишува дека српскиот напаѓач би можел да се врати во англиската Премиер лига.

Турските медиуми ја пренесоа веста дека челниците на Ал Хилал се заинтересирани за Един Џеко како опција ако Митровиќ замине. Наводно, 38-годишниот фудбалер решил да го напушти Фенербахче на крајот на сезоната, кога му истекува договорот. Искусниот напаѓач во својата втора сезона не е на своето ниво и е под постојани критики од медиумите кои пишуваат дека „го успорува ритамот на тимот“.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Наводно Челзи покажал интерес за Митровиќ но, големата плата што ја има напаѓачот во Ал Хилал, која изнесува 25.000.000 евра годишно е нешто кое англискиот гигант сигурно нема да му го обзебди. Српскиот репрезентативец има договор до јуни 2026 година, а пред еден месец од саудиските медиуми се појавија информации дека клубот му понудил на Митровиќ продолжување на соработката, со финансиски подобрен договор.

Ако Митровиќ одлучи да се врати во Европа нема дилеми дека тоа би било за многу помал договор.

Кога е актуелната сезона во прашање, Митровиќ започна одлично и со девет гола е на врвот на листата стрелци во Саудиска Арабија пред Бензема кој има осум и Кристијано Роналдо седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса најде ефтина замена за Левандовски

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето,…