Дома Фудбал Останато Изненадување: ПСЖ го контактирал Мурињо!

Изненадување: ПСЖ го контактирал Мурињо!

Спортскиот директор на ПСЖ, го контактирал Жозе Мурињо околу потенцијалниот трансфер на „Паркот на Принцовите“ ексклузивно објаво „Footmercato“.

Новинарот на овој медиум, тврди дека Луис Кампос (спортскиот директор) веќе го контактирал Мурињо и му го претставил проектот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


ПСЖ е лидер во француското првенство со пет бодови пред Марсеј, но Лигата на шампионите е она што најмногу ги мачи катарските сопственици. Ниту Кристоф Галтие како што стојат работите нема да успее да го донесе овој трофеј.

Сезонава ПСЖ во првиот осминафинален натпревар на свој терен загуби од Баерн со 0:1 и на 8-ми март ги чека тежок реванш.

„Претседателот Наср Ал Келаифи сака промени. Галтие ја изгуби довербата во соблекувалната бидејќи не успева да го разбуди тимот. Нивната најголема желба е Зидан, но не би имале ништо против и тоа да биде Мурињо кој често се поврзуваше со ПСЖ и во минатото. Ал Келаифи е во добри односи со американските сопственици на Рома“, пишува „Footmercato“.

Мурињо има договор со Рома до 2024 година и засега изгледа задоволен, меѓутоа секако дека понуда од Париз и работење со сите тие ѕвезди може да биде предизвик кој тешко се одбива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни се потруди целиот свет да зборува за него: „Ван Гал е пред Фергусон!“

Легендарниот Вејн Руни стана предмет на шега на социјалните мрежи откако ги спореди Луј ва…