Изјавата на спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Корк нема да им се допадне на богатите клубови кои беа заинтересирани за Пјер Емерик Обамејанг.
Пјер Емерик Обамејанг уште пред една година договорил продолжување на соработката и добил двојно поголема плата, но ниту тој, ниту клубот до денес тоа не го официјализираа. Овој податок денес го откри спортскиот директор на клубот, Михаел Корк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме јасен план за Обамејанг. Тој има долгорочен договор со нас. Продолжување? Тоа е веќе договорено и имаме договор до 2021 година“.
„Секако дека сме свесни дека ќе дојде ден кога тој ќе не напушти, но во овој момент тој е централна фигура во нашиот проект. Се работи за професионален фудбалер кој веќе постигна 19 погодоци. Екстравагантен, а таквите луѓе вообичаено имаат проблеми во средина каква што е Дортмунд. Неговиот проблем е што често доцни на тренинзите. Минатата година имавме многу проблеми, но успеавме да излеземе на крај. Во останатите сегменти на тренинзите и натпреварите Обамејанг е вистински професионалец“, изјави Корк.
Од „Билд“ истакнуваат дека не е јасно зошто информацијата за продолжувањето на договорот на Обамејанг до овој момент се држела во тајност.