Дома Фудбал Репрезентации Изненадување: Мартинез отпиша еден од најдобрите Белгијци – сигурно не патува на Мундијалот!

Изненадување: Мартинез отпиша еден од најдобрите Белгијци – сигурно не патува на Мундијалот!

Иако во татковината го обожаваат за него нема место кај Роберто Мартинез!

Како што пренесуваат медиумите во Белгија, Раџа Наинголан нема да се најде на списокот патници во Русија!

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Мартинез смета дека Раџа е „десетка“, а не „box to box“ играч кој може да покрива поголем дел од теренот. Белгија ќе игра во формација 3-4-3 без вистинска „десетка“ бидејќи тука е Де Брујн како модерен плејмејкер. Покрај тоа Наинголан не е омилен кај селекторот и поради неговиот карактер“, објасни новинарот Кристоф Теур.

Интересно е што Наинголан изјави дека ова е негова последна шанса да отпатува на едно Светско првенство бидејќи наполни 30 години, но тоа изгледа нема да се случи. Неговото место би требало му припадне на Маруан Фелаини од Манчестер Јунајтед.

Не треба да се заборави и дека Мартинез го изостави Раџа на седум од 10 натпревари во квалификациите за Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФИФА ја смени датата кога Шпанија и Аргентина ќе играат за трофејот “Финалисима”

Меѓународната федерација за фудбал, ФИФА, донесе одлука да ја промени првично планираната …