Манчестер Јунајтед е заинтересиран во своите редови да го врати Вилфред Заха, пренесуваат медиумите на Островот.
Заха пристигна на Олд Трафорд како млад талент, дојде по барање на Сер Алекс, но се снајде баш најдобро и се пресели во Кристал Палас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таму резпрезентативецот на Брегот на Слоновата коска ја „оживеа“ кариерата и ова лето беше на мета на Арсенал и Евертон. Кристал Палас одби да го пушти бидејќи за неговата слобода бара 80 милиони фунти.
Англиските медиуми пренсуваат дека Заха е спремен да ги одбие сите понуди и да се врати на Олд Трафорд бидејќи смета дека сега е доволно зрел за да го носи дресот на „црвените ѓаволи“.
Инаку Заха за Манчестер Јунајтед има одиграно само 4 меча пред да замине на позајмица, а подоцна и да биде продаден на Кристал Палас за 5 милиони фунти.
Наводно Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 50 милиони фунти за неговиот потпис во јануарскиот преоден рок, па останува да видиме дали таа понуда ќе ги задоволи апетитите на Кристал Палас.