Дома Трансфер зона Ќе потпише ли Вилфред Заха конечно за голем клуб?

Ќе потпише ли Вилфред Заха конечно за голем клуб?

Минатото лето за потписот на Вилферд Заха се бореа Арсенал и Евертон, но ниту еден клуб на крајот не го доведе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината што Заха остана во Палас е што овој клуб за него постави цена од 80 милиони евра и не сакаше да ја спушти подоле.

Заха и минатото лето беше спремен да го напушти клубот меѓутоа на крајот мораше да се помири со останувањето. Сега медиумите пишуваат дека има нов голем клуб кој е фаворит за неговиот потпис. Сега не станува збор за клуб од Англија.

Наводно, главен кандидат за доведување на Заха е ПСЖ кој сигурно нема да има проблем да плати ако треба и 80 милиони евра.

Покрај ПСЖ се шпекулира уште за Борусија Дортмунд и Монако. Во овие клубови Заха сигурно би имал повеќе простор за игра, но прашање е дали тие можат да ги исполнат финансиските барања на Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…