Кристал Палас е спремен да се раздели со својата најголема ѕвезда Волфред Заха за „само“ 30 милиони фунти, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред само една година Кристал Палас за слобата на Заха бараше 80 милиони фунти и одби две понуди од 50 и 55 милиони од Арсенал и Евертон.
Самиот играч сакаше да си оди уште минатото лето, а сега веќе го извсстил раководството дека бара нов клуб.
Интерес за крилниот фудбалер покажуваат Челзи и Евертон, а медиумите потенцираат дека сумата за Манчестер Јунајтед може да биде уште пониска.
Имено, „црвените ѓаволи“ според договорот треба да добијат 25% од следната продажба на играчот, па би можеле да го вратат на „Олд Трафорд“ за 22,5 милиони фунти.
Таква клаузула била ставена во договорот помеѓу двата клуба во 2015 година.