Пари Сент Жермен покажува силен интерес за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ вчера и официјално му врачи отказ на Томас Тухел и се очекува за нов тренер да биде назначен Маурисио Покетино.
Покетино е голем симпатизер на играта на 28-годишниот крилен напаѓач, па му препорачал на раководството да го донесат во Париз.
Аргентинскиот тренер го сакаше Заха во Тотенхем, па се чини дека сега ПСЖ ќе му ја исполни желбата.
Заха оваа сезона постигна 8 гола и запиша 2 асистенции, а Кристал Палас нема лесно да се откаже од него бидејќи играчот има договор до 2023 година.