Веста која вчера беше најавена како изненадување денес доби официјална потврда – Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
Мата за клубот од „Олд Трафорд“ одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 45 голови во сите натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистинска чест претставува играњето за овој клуб. Во Манчестер Јунајтед сум веќе пет години и горд сум што можам „Олд Трафорд“ да го наречам дом. Се радувам на соработката со Оле Гунар Солскјер и неговиот стручен штаб. Визијата која тој ја поседува е интересна и мило ми е што сум дел од тоа“, изјави Мата.
Мата со Јунајтед освои по еден трофеј во ФА Купот, Лига Купот, Лига Европа и Комјунити Шилд. Договорот на Мата е продолжен до 2021 година, но во истиот има опција за продолжување на уште една.
We can confirm Juan Mata has signed a new contract with #MUFC.
— Manchester United (@ManUtd) June 19, 2019