Дома Останати Тенис Изгледа толку беше од Енди Мари: Ова беше мојот последен натпревар, но можеби повторно ќе се видиме

Изгледа толку беше од Енди Мари: Ова беше мојот последен натпревар, но можеби повторно ќе се видиме

Енди Мари доживеа елиминација во првото коло на Австралија Опен во Мелбурн од Роберто Баутиста Агут со 2:3 (4:6, 4:6, 7:6,7.6 и 2:6).

Легендарниот тенисер изгледа го одигра последниот натпревар во кариерата, тоа го најави и пред почетокот на Австралија Опен, а сега го потврди.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, остави можност некогаш да се врати.

„Мислам дека беше во ред, се потрудив и им благодарам на сите присутни. Ова е место на кое е неверојатно да се игра тенис. Го одиграв мојот последен натпревар. Ви благодарам за поддршката. Ми помогнавте многу во текот на годините. Можеби некогаш повторно ќе се видиме, ако се одлучам пак да играм. Прво следи тешка операција. Ви благодарам“, изјави Мари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка најави бојкот на престижниот турнир

Изјавата на организаторите на ВТА турнирот во Дубаи ја разлути најдобрата тенисерка во све…