Дома Останати Кошарка НБА Избрани стартните петорки за Ол-стар натпреварот: Леброн испиша историја!

Избрани стартните петорки за Ол-стар натпреварот: Леброн испиша историја!

НБА лигата ги избра петорките за Ол-стар натпреварот кој би требало да се одржи на 18-ти февруари во Индијанаполис.

Леброн Џејмс по рекорден 20-ти пат во низа ќе биде дел од првата петорка на мечот кој ќе се игра на 18-ти февруари во Индијанаполис. Од друга страна Тајрис Халибартон од домашниот град за првпат ќе биде стартер на еден ваков спектакл.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Халибартон од Индијана како стартер на Истокот ќе има поддршка уште од Демијан Лилард, Џоел Ембид, Јанис Антетокумбо и Џјесон Татум.

На спротивната страна за Западот со Леброн ќе настапат: Лука Дончиќ, Шеј Александар, Никола Јокиќ и Кевин Дурант.

Леброн првпат во кариерата на еден Ол-стар натпревар беше стартер во 2005 година и од тогаш има низа од 20 години како е дел од овој спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…