Дома Останати Кошарка Леброн не се грижи за шпекулациите: Имам 41 година и гледам голф секој ден

Леброн не се грижи за шпекулациите: Имам 41 година и гледам голф секој ден

Кралот Џејмс првпат зборуваше за наводните коментари на гувернерката Џини Бас. Бас беше незадоволна од егото на Леброн и неговата вмешаност во трејдовите и потписите на играчите. Барем така напиша Бејкер Холмс од „ЕСПН“. Новинарите ја искористија можноста да разговараат со Џејмс по натпреварот и не ја пропуштија шансата да го прашаат сè што им беше во мислите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На нивна среќа, и Леброн беше расположен да одговара на прашањата околу целата ситуација, и тоа многу креативно.
„Не сакам да се мешам во тоа. Вестите не ме интересираат премногу. Вие ме знаете, во лигата сум 23 години. Утре ќе има некоја нова вест, особено за мене. Размислувам само како Лејкерс да бидат повторно врвна организација и како да ѝ донесам титула. Тоа ми е секогаш на ум.”

Потоа Кралот стана малку поостар:
„Не ме интересираат вестите, приказните, подкастите и тие глупости. Не ме допираат. Имам 41 година и гледам голф секој ден. Не ме интересира што некој мисли за мене”, порача еден од најдобрите на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Мајами не простуваат: Вработениот кој погреши со објавата на Леброн добил отказ!

Имено, беше најавен пренос во живо закажан за 27 јули, настан насловен како прес-конференц…