Управниот одбор на МТКФ, денес ги прогласи најдобрите македонски каратисти за 2016 година.
Дејан Недев, зад себе има извонредна година и заслужено по 20-ти пат во кариерата ја доби наградата. Недев е европски и медитерански шампион во кати и европски шампион во кумите.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во ова категорија, најдобар сениор, зад Недев е Матеј Ангеловски носител на сребрен медал во кого-кумите на ЕП.
Наградата за најдобра сениорка ја доби Јадранка Недева, европска шампионска во фукуго.
Најдобри во младинска категорија се Бојан Богдановиќ и Ивона Лаушевиќ. Кај јуниорите награди добија Берта Милевска и Огнен Тасевски, додека МТКФ ги награди и кадетите Мила Саздова и Јана Милевска.
Во конкуренција на судии најдобри се Аљоша Недев, Ристо Сакалиев и Антонио Зврцинов, додека тренер на годината е селекторот на репрезентацијата Бенцислав Недев.