Дома Фудбал Германија Избрани најдобриот тренер и фудбалер во Германија

Избрани најдобриот тренер и фудбалер во Германија

Тони Крос e избран за најдобар фудбалер во Германија во сезоната 2023/2024, додека Чаби Алонсо од Баер Леверкузен е прогласен за најдобар тренер, откако без пораз ја освои титулата во Бундеслигата, прва во клупската историја.

Крос по втор пат ја доби наградата што ја доделува германскиот спортски магазин „Кикер“, претходно тоа му успеа и во 2018 година.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Минатиот месец Крос ја заврши кариерата минатиот месец, по елиминацијата на германската репрезентација од Шпанија во четвртфиналето на ЕП, а со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и шампионската титула во Шпанија.

Во анкетата на „Кикер“, Крос доби 285 гласа, пред Флоријан Вирц од Леверкузен кој доби 246 гласа и Гранит Џака од Леверкузен со 66 гласа.

Минатата сезона Баер Леверкузен ја прекина серијата на Баерн Минхен од 11 шампионски титули и за првпат во клупската историја стана шампион на Германија. Тимот тоа го постигна без пораз, а го освои и Купот на Германија, по тоа беше доволно Алонсо да го добие признанието за тренер на сезоната.

Алонсо го презеде тимот во октомври 2022 година, кога Баер беше претпоследен во Бундеслигата. 42-годишниот шпански тренер доби 503 гласа, пред Себастијан Хенес од Штутгарт со 42 и Френк Шмит од Хајденхајм кој имаше 50 гласа. Штутгарт заврши на второто место во лигата, а Хајденхајм осми, во нивната прва сезона во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Скандал: Тренер втрча на терен и го сруши противничкиот играч🎥

Неверојатни сцени беа забележани во шестата фудбалска лига на Италија, каде што тренерот н…