Дома Луд Спорт Играше на Светско првенство за мажи, сега ќе игра на СП за жени!

Играше на Светско првенство за мажи, сега ќе игра на СП за жени!

Бившиот австралиски ракометар Калум Мунси ќе направи преседан во спортот бидејќи ќе стане првиот човек кој играл на Светско првенство за мажи и жени.

Калум играше за репрезентацијата на Австралија на Светското првенство во 2013 година, но во меѓувреме, во 2016 година го промени полот и стана жена, Хана Мунси.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Хана се истакнува со висина од 188 сантиметри и повеќе од 100 килограми, а со женската репрезентација тренира од април.

„Секогаш бев посебна. Поминав многу време во теретана и сфатив дека спортот ми помага на различни начини. Кога ја изгубив таа прилика светот ми се сруши, па е трудев да се вратам во спортот. Сега сум најсреќна жена на светот“, изјави Хана.

Меѓународната ракометна федерација даде согласност Хана да учествува на квалификациите за СП 2019. Тоа е можно бидејќи нејзиното ниво на тестостерон е под пропишаните граници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…