Дома Фудбал Германија Играчот на Ајнтрахт кој го удри тренерот заработи жестока казна

Играчот на Ајнтрахт кој го удри тренерот заработи жестока казна

Фудбалерот на Ајнтрахт Давид Абрахам денес ја доби казната од страна на Фудбалскиот сојуз на Германија поради насилничкото однесување пред крајот на натпреварот од Бундес лигата помеѓу неговиот тим и Фрајбург.

Овој фудбалер е суспендиран на седум недели, односно сите до крајот на оваа година. Ова значи дека ќе го пропушти наредните шест кола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во тие натпревари Ајнтрахт ќе игра против Волфсбург, Мајнц, Херта, Шалке, Келн и Падерборн.

Освен суспензијата од седум недели, капитенот на Ајнтрахт доби и казна од 25.000 евра. Неговиот клуб има право да доставжи жалба во наредните 24 часа и да побара сослушување.

Ќе потсетиме, Абрахам во судиското продолжение од 11-тото коло во Бундес лигата со рамо го удри тренерот на Фрајбург, Кристиан Стреич кој падна на земја. Во тој момент целата клупа на домашниот тим скокна и тргна да се пресметува со дефанзивецот на гостите.

За тој потег судијата Феликс Брих секако му покажа црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …