Фудбалерите на Милвол синоќа приредија вистинска сенација и го елиминираа Евертон во ФА Купот со резултат 3:2.
Меѓутоа, она што го одбележа овој натпревар е фактот дека играчите на двата тима одбија да носат црни ленти на рацете во чест на Емилијано Сала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќето екипи кои вчера играа во ФА Купот носеа црни ленти за Сала, но од Милвол и Евертон одбиле да го сторат тоа со образложение дека Аргентинецот се уште не е пронајден и не е прогласен за мртов.
Овој потег ја воодушеви англиската, но и светската јавност. Англиските медиуми објавија дека семејството на Емилијано Сала побарало од ФА да ја укине оваа одлука, па на екипите да им порача да не носат црни ленти бидејќи Сала се уште не е прогласен за мртов.