Дома Видео Иван Ракитиќ синоќа го постигна најспектакуларниот гол во кариерата, волеј што ќе го проучуваат научниците

Иван Ракитиќ синоќа го постигна најспектакуларниот гол во кариерата, волеј што ќе го проучуваат научниците

Севиља синоќа по изведувањето пенали победи на пријателскиот натпревар против Кристал Палас, а главна тема по натпреварот беше поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, кој постигна навистина спектакуларен гол.

Севиља со полна пареа се подготвува за новата сезона во Ла Лига и најголем дел од подготовките ќе ги одработи во САД, исто како и многу клубови од најсилните европски лиги.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Натпреварот помеѓу Севиља и Кристал Палас се одигра на „Комерика парк“ во Детроит, а победникот на крајот го дознавме дури по изведувањето на пенали.

Во првото полувреме видовме добри шанси на двете страни, но мрежите мируваа. Но, кога се чинеше дека првиот дел ќе заврши без голови, Севиља успеа да поведе.

Шпанскиот клуб поведе со 1:0 во 44. минута, а во центарот на вниманието беше искусниот Ракитиќ, кој уште еднаш покажа каков проектил има во десната нога.

Имено, по еден корнер, топката се одби до Ракитиќ, кој речиси беше во мртов агол, но тој направи неверојатен потег и на шок и неверување на сите на стадионот, успеа да постигне еден од најубавите голови во својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Официјално: Рафа Бенитез има нов клуб, постави рекорд во Грција!k

По неколкудневни шпекулации, потврда конечно пристигна. Рафе Бенитез официјално е новиот т…