Дома Фудбал Италија Ибра повторно се повреди

Ибра повторно се повреди

Златан Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените, но повторно ја обнови повредата и ќе паузира 20-ина дена.

40-годишниот Швеѓанец сезонава пропушти 16 натпревари поради повреди на коленото и Ахиловата тетива.

Според информациите Ибра ќе ги пропушти дуелите со Џенова и Лацио во Серија А, како и дуелот со Интер во Купот.

Ова е лоша вест за тренерот Пиоли бидејќи Ибра е исклучително важен за тимот, а Милан е во трка за Скудетото.

Швеѓанецот оваа сезона одигра само 937 минути во Серија А, постигна 8 гола, а честите повреди можат да значат и крај на неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи не смее да го врзе целиот план во средниот ред само за Мектоминај

Преговорите за нов договор со Скот Мектоминај отворија важно прашање за Наполи: дали клубо…