Дома Фудбал Италија Ибра: Кој ќе биде шампион? Златан игра во Милан, значи – Милан!

Ибра: Кој ќе биде шампион? Златан игра во Милан, значи – Милан!

После седум кола во италијанското првенство Наполи е лидер на табелата со максимален број на бодови. Веднаш зад Наполи е Милан со два помалку, потоа следуваат Интер со четири помалку, па Рома со шест…

Златан Ибрахимовиќ кој неодамна го прослави 40. роденден новинарите го прашаа кој ќе биде шампион на Италија во сезоната 2021/2022.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во кој клуб игра Златан? Милан? Тогаш Милан…“, одговори во свој стил легендарниот шведски напаѓач па продолжи:

„Имам 40 години, но се чувствувам младо. Имам некои повреди, меѓутоа се е решено. Со нетрпение чекам да се вратам на теренот“, изјави Ибрахимовиќ.

Минатата сезона Ибрахимовиќ одигра само 19 натпревари поради повреда, а сезонава во натпреварот против Лацио доби 30 минути и веднаш постигна гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти ги изгуби нервите, па „настрада“ камерманот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 1-3 од Бразил во пријателски натпревар ко…