Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Ќе го притиснам Милан да ми го продолжи договорот

Ибрахимовиќ: Ќе го притиснам Милан да ми го продолжи договорот

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ призна дека сака да го продолжи договорот со „росонерите“.

Ибрахимовиќ веќе наполни 40 години, но игра одлично и не размислува за пензија, па му порача на Милан дека сака нов договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ќе го притиснам Милан да ми понуди продолжување на договорот и се надевам дека ќе останам, тука до крајот на кариерата. Се уште имам цели кои сакам да ги остварам и да освојам барем уште едно Скудето. Не знам што ќе биде после фудбалот, па малку и се плашам да се пензионирам. Сакам да продолжам да играм додека можам, за да нема за што да жалам после“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ќе ја зајакне средната линија со две имиња од Премиер лигата

Манчестер Сити се подготвува за сериозно обновување на средната линија, додека Пеп Гвардио…