Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Наскоро се враќам, не планирам да се пензионирам

Ибрахимовиќ: Наскоро се враќам, не планирам да се пензионирам

Златан Ибрахимовиќ добро се опоравува од повредата на коленото и наскоро ќе се врати на терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ иако има 40 години и имаше тешка операција на коленото, сепак одучи да се бори и да ја продолжи кариерата.

„Наскоро се враќам. Не планирам да се откажувам од фудбалот. Нема да се пензионирам додека не видам дека некој е навистина подобар од мене“, изјави Ибра.

„Од соиграчите на тренинг и на натпревар барам да го даваат максимумот и барам дисциплина. Оваа година имаме посилен тим и можеме да имаме подобри резултати и во ЛШ. Де Кетелер е одличен фудбалер, тоа ви го кажувам јас, само дадете му малку време и ќе биде Топ фудбалер“, заклучи Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…