Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ за соработката со Мурињо: Го сакам, но ми кажа дека има еден проблем со мене

Ибрахимовиќ за соработката со Мурињо: Го сакам, но ми кажа дека има еден проблем со мене

ibra

Како и што се очекуваше Златан Ибрахимовиќ за краток период стана прва ѕвезда на Лос Анџелес Галакси.

Сега, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, неколку дена по пристигнувањето во Галакси проговори за соработката со Жозе Мурињо.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед помина нешто повеќе од година ипол, а Мурињо му дозволи да го напушти клубот пред истекот на договорот. Швеѓанецот тоа го направи и премина во Лос Анџелес Галакси каде што уште на првиот натпревар постигна два погодоци.

„Го сакам Мурињо. Тој е „специјален“, сака да победува. Каде и да одеше освојуваше по нешто. Ми помогна да се чуствувам комотно, но ми даде и голема одговорност. Ми кажа дека единствениот проблем со мене му бил кога требало да ме одмори“, изјави Ибрахимовиќ кој потоа зборуваше за актуелната сезона на Манчестер Јунајтед.

„Добро им оди. Имаат уште еден трофеј во игра, а тоа е ФА Купот. Се надевам дека можат да го освојат. Кога сте голем клуб како Јунајтед морате да победувате, бидејќи ако не победувате, тогаш не припаѓате на врвот“, порача Златан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …