Македонскиот претставник во Лига Европа, Шкендија утре ќе игра на „Сан Сиро“ против седумкратниот шампион Милан.
Најдобриот играч на Шкендија, Бесарт Ибраими вели дека се среќни што ќе играат против Милан и го респектираат, но не се плашат од противникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да се игра против голем тим како Милан секогаш дава посебно чувство. На денот на ждрепката, најголемиот дел од нас го посакувавме Милан за противник, а потоа сонот ни се оствари. Ние сме навистина среќни што имаме шанса да играме против тим како „Росонерите“. Не се плашам од никој противник, имам почит кон сите играчи на Милан, бидејќи сето тоа се навистина добри фудбалери“, изјави Ибраими.
Иако вели дека не сака да ја меша политиката во спортот, Ибраими порачува дека сите Албанци треба да бидат горди на успесите на Шкендија.
„Шкендија е претставник на сите Албанци во регионот, кои треба да бидат горди на успехот кој го постигнавме. Јас се чувствувам како Албанец и горд сум на тоа. Инаку, многу од моите сонародници навиваат за Милан, па поради тоа честа да играме против нив е голема“, додаде Ибраими.