Дома Македонски спорт Мак ракомет Иако добро се држевме, Шпанија сепак голем залак за нашите ракометари

Иако добро се држевме, Шпанија сепак голем залак за нашите ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да приреди изненадување и да освои барем бод против фаворизираната Шпанија иако 42.минути играше рамноправно со поранешниот светски првак. Во рамките на четвртото коло, во Б групата на Светското првенство, Шпанија ја порази Македонија 29:25 (14:14).

Растоварени од притисокот бидејќи веќе го обезбедија пласманот во осминафиналето македонските ракометари против „црвента фурија“ одиграа одличен меч, беа можеби и подобар ривал во две третини од натпреварот, но на крајот пресуди искуството и поголемиот индивидуален квалитет на Шпанците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Три резултатски серии кои ги направија шпанските ракометари го решија победникот, првата кога на бразина во финишот на првиот дел ја стигнаа предноста на Македонија од 14:11, а потоа двете серии во последните 18 минути, најпрвин при нерешено 18:18, Шпанците се одлепија на 22:19, а потоа и серијата од 5:0, кога ја достигнаа највисоката предност 28:22 со која го решија победникот.

Избраниците на Червар ги собраа симпатиите и комплиментите за она што го прикажаа на теренот, а два цепелини во првиот дел ќе конкурираат за најдобрите потези на шапмпионатот.

Стрелците во нашиот тим ги предводеше Казаров кој постигна шест гола и стигна до бројката од 37 во досегашниот дел од првенството, Никола Маркоски беше стрелец на пет, Миоркуловски на четири, а Георгиевски и Стоилов на по три погодоци.

Кај Шпанија се истакнаа Ривера со 11 голови и голманот Де Варгас со 13 одбрани.

Македонија в четврток ќе ја заврши првата фаза со дуелот против Исланд (17:45 часот). Со победа или нерешен резултат Македонија ќе го обезбеди третото место на табелтата во Б групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…