Дома Фудбал Италија Зошто во Италија најголемите медиуими водат хајка против Јувентус?

Зошто во Италија најголемите медиуими водат хајка против Јувентус?

Италијанската јавност пред два дена беше погодена од cмртта на легендарниот Џанлука Вијали.

Цела Италија се простуваше од Вијали кој во својата кариера настапуваше за Јувентус, Кременозе, Сампдорија и Челзи.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сепак, забележана беше и чудна ситуација кај дел од медиумите во Италија, имено од некоја причина познатите „Газета дело Спорт“ и „РАИ“ „забораваа“ дека Вијали играше и за Јувентус.

Имено, „Газета“ на графиката не стави слика од Вијали во дресот на Јувентус, а ги имаше останатите. „Грешката“ медиумите ја поправи по реакцијата на фановите.

Навистина тешко е да се поверува дека медиум како „Газета дело Спорт“ каде што работат и многу познати италијански новинари заборавил дека Вијали играл за Јувентус.

Кога е телевизијата „РАИ“ во прашање тие во своите репотражи за Вијали не споменуваа дека го носел дресот на Јувентус, спомнати беа само Кременозе, Сампдорија, Челзи и репрезентацијата на Италија.

Вијали дресот на Јувентус го носеше четири години од 1992 до 1996 година и во тој период собра 102 настапи и постигна 38 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер сити на специјално барање на Гвардиола оди по фудбалер на Реал Мадрид

Манчестер Сити сака да го доведе 24-годишниот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. П…