Дома Трансфер зона Зошто Агуеро ја избриша „10-ката“ од неговиот Инстаграм? ?

Зошто Агуеро ја избриша „10-ката“ од неговиот Инстаграм? ?

Главна тема од вчера во спортските медиуми е веста дека Меси заминува од Барселона.

Меси никогаш не бил поблиску до заминување, а како фаворит во овој момент за неговиот потпис се истакнува Манчестер Сити.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сега фановите на Сити забележаа еден потег на Агуеро за кој сметаат дека можеби е најава за големиот трансфер на Меси. Имено, Агуеро ја избриша „десетката“ од неговиот Инстаграм профил.

Аргентинец на Инстаграм беше потпишан „kunaguero10“ сега е само „kunaguero“.

Агуеро бројот 10 во Сити го носи од 2015 години, а Меси во Барселона од 2008, освен тоа го носи и во аргентинската репрезентација каде што се двајцата.

Голем дел од фановите на Манчестер Сити по овој потег на Агуеро се убедени дека големиот трансфер на Меси е блиску до реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…