Дома Фудбал Лига на шампиони Знаете ли кога Барса последен пат загуби на свој терен во ЛШ?

Знаете ли кога Барса последен пат загуби на свој терен во ЛШ?

Фудбалерите на Барселона вечерва на свој терен го пречекуваат Ливерпул во рамките на првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ.

Каталонскиот клуб со сигурност е најголемиот фаворит за освојување на трофејот, а за многумина натпреварот против Црвените е финале пред финале. Јасно е дека Ливерпул не доаѓа со бело знаме и ќе даде се од себе да извади позитивен резултат на Камп Ноу.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Сепак, Барселона е фантастична во претходните шест години кога во прашање се натпреварите на Камп Ноу. Од 2015. година не ја освоиле ЛШ, но натпреварите на домашен терен биле ноќна мора за сите гостински екипи.

Имено, Барселона веќе шест години не е поразена на свој терен кога се во прашање натпреварите во ЛШ. ВО тој период Барса победила на 28 натпревари и само три натпревари завршиле нерешено. Не примиле на натпревар повеќе од еден погодок, а на 31 натпревар примиле само 15 погодоци.

Последната екипа која славела на Камп Ноу е Баерн Минхен, кој во 2003. година беше убедлив и славеше со 3:0. Баварците се пласираа во финалето, а потоа ја освоија и титулата. Но, во редовите на Ливерпул се надеваат дека вечерва можат да ја прекинат оваа неверојатна серија на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сензација во Фиорентина: тренерот си поднесе оставка недели по новиот договор

Раководството на Фиорентина денес беше шокирано од оставката на нивниот тренер Рафаеле Пал…