Репрезентацијата на Англија се пласираше во осмина финалето на Светското првенство, каде што ќе игра против селекцијата на Колумбија.
Англичаните имаат намера да завршат на второто мемсто во групата за да одат на Колумбија, бидејќи со евентуално поминување понатаму ќе ги избегнат големите фаворити. Сепак, јасно е дека Англија уште во осмина финалето го очекува тежок противник, а многумина веруваат дека Колумбијците се фаворити во овој судир.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми веруваат дека најголемата закана доаѓа од капитенот на оваа сеекција, Радамел Фалкао. „Tepegraph“ ова утро објави интересна приказна за колумбискиот напаѓач кој имал право да игра и во дресот на Англија, бидејќи неговиот прадедо живеел во Јоркшир во раните години на 20. век.
Фалкао има корени во Јоркшир, каде што е роден неговиот прадеде Џорџ Кинг кој поради лубовта во 1932. година си заминал во Колумбија и се оженил за Џулијан кој подоцна ја родила бабата на Фалкао, мајката на неговиот татко Гарсија. Неговиот татко се обидел неговиот син да добие британски пасош за полесно да дојде како фудбалер во Европа.
Сепак, неодамна англиските медиуми открија дека Англија одбила да му даде британски пасош на Радамел Фалкао.