Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, според очекувањата надмоќно ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во 2016 година.
Во изборот кој го организира „Франс Фудбал“ учествуваа 173 новинари од целиот свет, а Португалецот доби 745 гласови, втор е Меси со 316 галсови, а трет Гризман со 198.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според гласовите, зад првите тројца се најдоа: Луис Суарез, Нејмар, Герет Бејл, Ријад Марез, Џејми Варди, Џанлуиџи Буфон и Пепе.
Она што е интересно во гласањето е дека дури 11 фудбалери, од номинираните, не добиле ниту еден глас.
Листата ја предводат Серхио Рамос и Андрес Иниеста, а следуваат Серхио Агуеро, Кевин Де Брујне, Паоло Дибала, Диего Годин, Гонсало Игуаин, Коке, Уго Љорис, Томас Милер и Мануел Ноер.