Дома Актуелно Зидан се прости: Свесни сме за кризниот период на Реал

Зидан се прости: Свесни сме за кризниот период на Реал

Фудбалеритена Реал Мадрид доживеаа нов, четврти пораз оваа сезона во Примера, па за титулата повеќе и не станува збор, со оглед на тоа дека Барселона утре може да се одлепи на +19, па Зидан и јавно се прости од титулата.

„Проблемот е кога топката не сака да влезе во гол, тогаш е многу тешко. Не го заслуживме ова. Може некои работи да правите добро или прогрешно, но ние денес игравме добро, но кога немате среќа, тогаш таа ви го врти грбот“, истакна Зидан и додаде:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова е тешка ситуација за нас. Психолошкиот момент е важна работи и тоа не е едноставно. Моите играчи не престануваат да трчаат, да се борат, мојата порака е да продолжат така, бидејќи во фудбалот има моменти кога ништо не ве сака и кога такви кога се оди во ваша корист. Ќе ги извлечеме позитивните страни и ќе се бориме натаму“, истакна Зидан.

Зидан потоа практично се прости од титулата, бидејќи Барселона има 16 бодови повеќе, а утре можеби ќе се одлепи и на 19.

„Знаеме во каква ситуација сме и за што можеме да се бориме, го имаме Купот на Кралевите и Лигата на шампионите, што не е лесно, бидејќи не сме биле во ваква позиција. Но ќе се трудиме, ќе се бориме повторно и повторно, се додека топката почне повторно да ме слуша. Добрата работа во фудбалот е што секогаш следат нови натпревари, нови докажувања и кон тоа се насочуваме“, заклучи Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…