Дома Фудбал Останато Зидан се договори со ПСЖ, Покетино се враќа во Премиер лигата

Зидан се договори со ПСЖ, Покетино се враќа во Премиер лигата

Француските медиуми тврдат дека Зинедин Зидан на лето ќе седне на кормилото на Пари Сент Жермен.

Французинот е голема желба на „светците“, а наводно и самиот Зидан дал согласност да седне на клупата на ПСЖ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


ПСЖ веќе почнал преговори со Зидан, кој моментално е без ангажман, па Зизу ќе се обиде да го убеди и Мбапе да остане во Париз.

Бившиот тренер на Реал Мадрид наводно дал потврден одговор и во моментов се договараат последните детали со ПСЖ, а медиумите во Франција се сигурни дека тој ќе биде нов тренер на „светците“.

Маурисио Покетино сака да се врати во Премиер лигата и најверојатно ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а со доаѓањето на Зидан „светците“ ќе му ја отворат вратата да се пресели на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И Нотингем во своите редови има „бисер“: Сака да го продаде за 100 милиони евра!

Дојде време кога малку по малку секој играч достигнува „сточна“. Скоро сите клубови во Пре…