Зинедин Зидан го шокираше фудбалскиот свет со одлуката да го напушти Реал Мадрид и тоа само пет дена откако со клубот стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите.
Од одлуката на Зидан беа изненадени сите, вест која како бомба одекна во медиумите ја соопшти Французинот на итната прес-конференција која ја повика Флорентино Перез пред два дена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот тогаш истакна дека заминува бидејќи на клубот му се потребни промени доколку сака да продолжи да победува.
Сега, медиумот кој прв ја пласираше веста за оставката на Зидна „Кадена КОП“, oткрива како Зидан им ја соопштил одлуката на своите фудбалери.
Имено, популарниот Зизу тоа го направил преку социјалната мрежа „WhatsApp“.
„Навистина ви благодарам. Без вас и вашата поддршка во моментите кога беше најтешко ништо од сето ова не би било возможно. Ќе се видиме наскоро, голема прергатка до сите вас“, гласела пораката на Зидан.