Дома Фудбал Останато Зидан не сакал да му работи зад грб, го побарал Мурињо и разговарале за Јунајтед!?

Зидан не сакал да му работи зад грб, го побарал Мурињо и разговарале за Јунајтед!?

mourinho zidane

Зинедин Зидан веќе подолго време се поврзува со клупата во Манчестер Јнајтед, а англиските медиуми сега откриваат дека Французинот во текот на вчерашниот ден разговарал со Португалецот.

Познатиот англиски медиуми „Сан“ повикувајќи се на доверливи извори објави дека Зидан одлучил да разговара со Мурињо и да му порача дека не сака да му работи ништо зад грб.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Прво, тој му соопштил дека има само една недела ја сврти ситуацијата во своја корист. Тоа значи дека Португалецот за една недела мора да ја поправи лошата атмосфера во тимот и лошиот однос со дел од играчите и тимот да започне да бележи подигнување на формата.

Втората работа која според споменатиот медиум Зидан му ја открил на Мурињо е дека преку свои менаџери и претставници на клубот добил понуда да седне на клупата на Манчестер Јунајтед доколку тоа место биде слободно во блиска иднина.

Ќе потсетиме Зидан уште од заминувањето од Реал Мадрид каде што освои три трофеи во Лигата на шампионите и кога започнаа лошите резултати на Јунајтед констатно се поврзува со клупата на славниот клуб од „Олд Трафорд“.

Мурињо пак веќе трета сезона е во Јунајтед, но оваа сезона изгледа како да ја изгуби контролата. Се започна со отворениот конфликт со Пол Погба, а не е во најдобри односи ниту со Марсијал, Рашфорд и Алексис Санчез. Чилеанецот кој е најплатен фудбалер на последниот натпревар кога Јунајтед загуби од Вест Хем не беше ниту на клупата за резерви.

Дополнително гласините дека Зидан ќе го замени Мурињо се зголемија кога Французинот на својот Инстаграм профил објави фотографија и откри дека се наоѓа во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Серхио Рамос во изненадувачки трансфер доаѓа во Јувентус?

Бразилскиот стопер на Јувентус, Глисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрст…