Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан лично стапил во контакт со играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба за да му предложи да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, пренесува „Кикер“.
Австрискиот репрезентативец влезе во последната година од договорот, а преговорите со Баерн за продолжување на соработката се прекинати во моментов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците не се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања, па ги прекинаа преговорите и Алаба ќе си замине како слободен агент на крајот на сезоната.
Зидан сака да го донесе во Реал, бидејќи Алаба може да игра на повеќе позиции во тимот и може и може да биде замена за Серхио Рамос.
Меѓутоа, Реал смета дека бараните 20 милиони евра годишна плата од Алаба се премногу, па затоа ПСЖ се смета како фаворит за неговиот потпис во моментов.