Плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер следното лето ќе биде еден од најбараните на трансфер пазарот, а последен клуб кој се приклучи во трката за неговиот потпис е Реал Мадрид.
ПСЖ и Манчестер Сити од поодамна се интересираат за потписот на Алжирецот, а сега добија голема конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид е силно заинтересиран за Бенасер, бидејќи Зидан верува дека ќе биде идеална замена за Лука Модриќ, кој е на излезна врата од клубот.
Медиумите тврдат дека играчот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, па заинтересираните клубови ќе мора да ја платат таа сума ако го сакаат неговиот потпис, бидејќи Милан нема намера да го продаде.