Дома Фудбал Италија Зидан бира меѓу ПСЖ и Серија А

Зидан бира меѓу ПСЖ и Серија А

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е се уште без ангажман и често се поврзува со неколку европски гиганти.

Летово Зидан доби понуда од Пари Сент Жермен, но не ја прифати понудата на францускиот клуб.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Медиумите во Италија тврдат дека Зидан чека понуда од Серија А. Поточно Зизу сака да седне на кормилото на Јувентус доколку Макс Алегри добие отказ.

Јувентус лошо ја започна сезоната, па притисокот на Алегри се зголеми и можно е да добие отказ доколку резултатите не се поправат пред Мундијалот.

Француските медиуми исто така потврдуваат дека во моментов има само две опции за Зидан во иднина – Пари Сент Жермен и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил го потресоа зборовите на Нејмар!

Нејмар вечерва изјави дека сериозно размислува за тоа на крајот на годината да ја заврши с…